На 4.06.2023 год., денот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите или Педесетница – Духовден, Неговото Високопреосвештенство Mитрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм на Свети Никола во Куманово. На Литургијата, на Неговото Високопреосвештенство му сослужуваа Намесникот на Кумановското архијерејско намесништво протојереј-ставрофор Драган Алексовски, протојереј-ставрофор Драги Стојановски и Секретарот на Кумановско-осоговската епархија протојереј Блаже Цековски.
Со Премудрата Промисла на Бог Седржителот, на Предлог на Неговото Восокопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, арх. бр. 129/23 од 21.04.2023 год., а со Одлука на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, САС бр. 72 од 26.04.2023 год., Секретарот на Кумановско-осоговската епархија протојерејот Блаже Цековски, беше издигнат на највисокиот свештенички степен на служба во Црквата, во чинот протојереj-ставрофор.
На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.