Посета на храмот на свети Никола во с.Шопско Рударе-Кратовско
31 мај 2023
"Посета на храмот на свети Никола во с.Шопско Рударе-Кратовско"
На 30.05.2023 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј го посети храмот на свети Никола во село Шопско Рударе-Кратовско. Даде Благослов и ги определи потребните архитектонско-градежни и урбанистички фази коишто се неопходни за продолжување на реконструкција на храмот.