На 02.09.2023 година, кога го славиме споменот на светите новомаченици Јасеновачки, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј сослужуваше во манастирот на свети Јован Крстител во Јасеновац.
На светата архијерејска Литургија началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Будимпештански и унгарски г. Иларион во сослужение со Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановски-осоговски г. Григориј, Неговото Преосвештенство епископот Пакрачко-славонски г. Јован, Неговото Преосвештенство епископот Бихачко-петровачки г. Сергеј, Неговото Преосвештенство епископот Јужно-централноамерикански и администратор Загребачко-љубљански г. Кирил, Неговото Преосвештенство епископот Далматински г. Никодим, Неговото Преосвештенство епископот Ваљевски г. Исихиј, Неговото Преосвештенство епископот Будимљанско-никшички г. Методиј, Неговото Преосвештенство епископот Захумско-херцеговачки и приморски г. Димитриј и Неговото Преосвештенство епископот Штудгарски г. Јов. После Светата Литургија на споменикот Камен цвет се осветија славските колачи и се изврши осветување на библиотека.
На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.