Света Литургија на празникот Собор на Пресвета Богородица

"Света Литургија на празникот Собор на Пресвета Богородица"

На 08.01.2022 год., Собор на Пресвета Богородица (и спомен на Св. Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски; Преп. Константин Синадски; Преп. Никодим Прилепски и Тисмански), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во храмот на Св. великомаченик Димитриј, во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.