Судот во Грција го прогласи за виновен 27-годишниот Филип Лоизос, популарниот блогер и автор на фиктивниот лик на „Старец Пастициј“, лик преку којшто се исмева добропознатиот свет лик на старец Паисиј Светогорец. Судот го осуди на 10-месечна затворска казна, којашто беше заменета со 3-годишна условна казна поради сторено кривично дело „исмевање на религијата и навреда на религиозни чувства“.
Филип Лоизос бил уапсен во неговиот дом во септември 2012 година од страна на Единицата за електронски криминал на Грција, до којашто стигнале илјадници поплаки и жалби поради фејсбук профилот на фиктивниот карактер. Обвиненијата против него за хула и навреда на религизони чувства го побудиле јавниот и светскиот интерес за случајот, по што бил креиран и хаштаг на Твитер поврзан со вестите поврзани за случајот – #FreeGeronPastitsios.
Сатиричниот фиктивен лик бил создаден така што биле земени името и сликата на светиот старец Паисиј, и биле заменети со пастицио – грчко јадење – на сличен начин на којшто Пастафаријанизмот стана меѓународно сатирично движење кое ја промовира нерелигиозноста.
Според членовите 198, 199 и 201 од грчкиот Кривичен Закон, максималната затворска казна за докажаниот хулител врз Бога или Грчката православна црква се соочува со максимална затворска казна од 2 години.
Извор: enetenglish.gr