Света Литургија и Вечерна богослужба на празникот на Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница
12 јуни 2022
"Света Литургија и Вечерна богослужба на празникот на Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница"
На 12.06.2022 год., празник на Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј во сослужение со митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Стобиски г. Јаков, во митрополитскиот соборен храм Св. Никола во Куманово, служеше Света Литургија и Вечерна богослужба со коленопреклони молитви. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.