Дванаесетта недела по Педесетница

"Дванаесетта недела по Педесетница"

На 27.08.2017 година, во Дванаесеттата недела по Педесетница, во предпразненството на празникот на Успението на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.