Петнаесетта недела по Педесетница

"Петнаесетта недела по Педесетница"

На 20.09.2020 година, Претпразништво на Рождеството на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски, во Крива Паланка, во сослужение со протојереј Блаже Цековски, јеромонах Симеон (Алексов) и ѓакон Кире Горгиев.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.