Дваесет и втора недела по Педесетница

"Дваесет и втора недела по Педесетница"

На 5.11.2017 година, во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога Црквата го слави споменот на светиот апостол Јаков братот Господов, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Мина во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.