Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, сесловенски просветители

"Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, сесловенски просветители"

На 24.05. 2023 година, кога Црквата го слави споменот на светите рамноапостолни и сесловенски просветители Методиј и Кирил, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.