Дваесет и седма недела по Педесетница

"Дваесет и седма недела по Педесетница"

На 10.12.2017 година, во Дваесет и седмата недела по Педесетница, кога Црквата го слави споменот на светиот маченик Јаков Персијанец, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Јован Крстител во Кратово.

На Светата Литургија, јерејот Александар Зашов беше произведен во протојереј, а верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.