Триесет и шеста недела по Педесетница

"Триесет и шеста недела по Педесетница"

На 03.02.2019 година, во Триесет и шестата недела по Педесетница, кога си спомнуваме за преподобниот Максим Исповедник и преподобниот Неофит Никејски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.