Триесет и седма недела по Педесетница

"Триесет и седма недела по Педесетница"

На 10.02.2019 година, во Триесет и седмата недела по Педесетница, кога си спомнуваме за преп. Ефрем Сирин и преп. Исак Сирин, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане.
На Светата Литургија ѓаконот Дејан Зец беше ракоположен во свештенички чин. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.