Четврта недела по Педесетница

"Четврта недела по Педесетница"

На 24.06.2018 година, во Четвртата недела по Педесетница, кога Црквата го прославува споменот на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, во манастирот на Св. Гаврил Лесновски во с. Лесново, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф во сослужение со Високопреосветените Митрополити Брегалнички г. Иларион и Тетовско-гостиварски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.