Отслужен четириесетдневен помен на блаженоупокоениот старец Георгиј Капсанис

"Отслужен четириесетдневен помен на блаженоупокоениот старец Георгиј Капсанис"

Во католиконот на светогорскиот манастир Григоријат беше отслужена Заупокоена Литургија на четириесеттиот ден од упокојувањето на старец Григориј Капсанис. Со службата началствуваше Високопреосветениот Митрополит Приконисуски (Мармарски) г. Јосиф, во сослужение со Митрополитите г. Игнатиј Ларишки, г. Серафим Костурски, г. Јоил Воденски, г. Алексиј Картагински и г. Варнава Неаполски, и повеќе игумени од светогорските манастири.

Со слово се обратија Ларискиот Митрополит г. Игнатиј, Архимандритот Ефрем Ватопедски и Игуменот Христофор Григоријатски.

На крај беше отслужена и трисагија на гробот на блаженоупокоениот старец.

Извор: Догма.гр