Според податоците објавени од страна на World Watch List (Набљудување на светот), од 1 ноември 2013 до 31 октомври 2014 година во светот биле убиени 4344 христијани, а биле нападнати 1062 цркви како последица на верска нетрпеливост. Овој број е двапати поголем во однос на податоците за претходната, 2013-та година.
Согласно информациите што ги објавила оваа организација која се занимава со прогонот на христијани низ светот, Нигерија е лидер на листата со жртви – христијани. Имено, во 2014 г. дури 2484 христијани биле убиени во оваа земја, по што следи Централната Африканска Република со 1088.
Главна причина за овие напади и понатаму претставува исламскиот екстремизам. Статистичките анализи се вршат во соработка со Open Door International (Отворени врати), а се засноваат на анкета која е насочена кон анализа на верските слободи во пет сфери: приватна, семејна, општествена, национална и црковна.
Извор: Правмир