54 000 луѓе на литија во Санкт Петербург

"54 000 луѓе на литија во Санкт Петербург"

Во Санкт Петербург се одржа полчасовна литија во чест на празникот на Казанската икона на Божјата Мајка, на која молитвено учество зедоа околу 54 000 луѓе, соопштува „Руска газета“.

По отслужената Божествена Литургија во казанската соборна црква, неколку илјади луѓе тргнале во литијата по Невскиот проспект кон Исакиевската црква, кадешто се отслужил свечен молебен. Во литијата учество зел и пратеникот од Законодавното собрание, г. Виталиј Милионов и вицегувернерот на градот, г. Василиј Кичеџи.

На собраните, во име на гувернерот и градската влада, им се обратил вицегувернерот и им го честитал празникот на Казанската икона на Божјата Мајка, кој воедно е и Ден на народното единство. Според неговите зборови, овој празник не е само сеќавање на минатото, туку е и гордост на рускиот народ, затоа што токму овој ден ги обединил Петербурците од сите националности и вероисповеди.

Исто така, тој прецизирал дека градските власти ќе го поддржат одржувањето на две градски литии, едната на 4 ноември, а другата на денот на преносот на моштите на св. Александар Невски, 12 септември.