Одбележана 800-годишнината од основањето на Владимирската епархија во Русија

"Одбележана 800-годишнината од основањето на Владимирската епархија во Русија"

На 7 септември годинава, Неговата Светост, Патријархот Московски и Руски Кирил, пристигна во градот Владимир каде што ја предводеше прославата на 800-годишнината на Владимирската епархија. Неговата Светост беше придружуван од Митрополитот Варсонуфиј и Епископот Сергиј. Патријархот ја предводеше крсната литија од Златната Порта до Соборниот Успенски храм во градот. За време на литијата црковните камбани и ѕвона не престанаа да бијат.

Во Соборниот Успенски храм беше отслужена Света Архијерејска Литургија, со која началствуваше Патријархот Кирил во сослужение на голем број митрополити и епископи, свештеници и ѓакони. Мноштво народ, како и претставници од регионалните власти беа присутни на ова големо торжество. После сугубата ектенија Патријархот се помоли за мир во Украина.

На крај, Патријархот заедно со јерарсите се упатија кон издигнатото плато поставено на скалилата пред храмовата камбанерија, каде беше поздравен од Митрополитот Евлогиј, кој му подари триптих со Успението на Пресвета Богородица и Соборот на владимирските светии. Гувернерот на Владимирскиот регион, г-ѓа Светлана Орлова исто така го поздрави Патријархот Кирил и му ја честита годишнината. Неговата Светост се обрати пред насобраниот народ со пастриско слово. На Митрополитот Евлогиј му беа подарени панагија и крст, изработени по повод 700-годишнината од раѓањето на св. Сергиј Радонежски. Поглаварот на Руската Црква ја одликува г-ѓа Светлана Орлова со Орден на св. Сергиј Радонежски од втор ред поради нејзината помош за Руската православна црква. На собраниот верен народ му беа поделени икони од св. Симеон, прв Епископ Владимирски, и св. принц Георгиј Владимирски.

Извор: Московска Патријаршија