На 31 октомври во рускиот град Казан ќе се одржи отворена дискусија меѓу руските генетичари и претставниците на верските заедници на тема „Адам или мајмун: чии деца сме?“. Секој од учесниците ќе ги изложи неговите идеи и размисли за потеклото и развојот на животот на планетата Земја. Ќе биде разгледан и односот меѓу верата и научниот поглед на животот.
Ова е прв настан од ваков тип во Русија, на кој атеистите ќе разговараат на оваа тема со православни и муслимански клирици. Она што е уште поинтересно е, што од страната на Црквата учество ќе земат и научници – верници. Еден од нив е и отец Димитриј Черепанов, свештеник од Владимирската Епархија, кој дипломирал на Одделот за биологија и биофизика на Московскиот Државен Универзитет. Настанот е отворен за сите посетители.
Извор: Правмир