Албанија се подготвува за празнување на Рождеството Христово

"Албанија се подготвува за празнување на Рождеството Христово"

Албанската православна црква се подготвува за одбележување на празникот на Рождеството Христово, коешто го празнува според григоријанскиот календар, на 25 декември. И додека во песнопенијата на црковните богослужби постојано се повторува благовестието дека Богородица се подготвува да Го роди Синот Божји – „Христос се раѓа, славете“, Црквата во Албанија за свој приоритет ги има програмите развиени за секоја возрасна група, со посебен аспект на оние за деца и млади.

Православното основно училиште во Тирана го одржа својот празничен концерт на 20 декември; Православната младина „Синови на Светлината“ го закажа својот божикен концерт за 26 декември. Канцеларијата за веронаука ќе одржи серија на активности со деца и млади во неколку града и села низ Албанија. Повеќе групи деца ќе учествуваат во посебни коледарски и божикни програми.

Централната канцеларија за деца организира активности во кои на интересен начин, преку скечеви, се учат основите на православната вера, но и молитви и божикни песни. Денес (22 декември) се одржа централната активност на посетување на домовите на децата, и пеење на божикни песни.

Куклен театарИсто така, куклен театар помина низ следните градови и населени места: Тирана, Вљора, Фиер, Берати, Грамши, Либражд, Каваја, Драч, Тошкез, Агим, Штрмер, Шијон, Ѓинар, Св. Влах и Рушкул, и приреди претстави за околу илјада дечиња. Преку претставите на куклениот театар, децата имаа можност да научат нешто повеќе за смирението, проштевањето и љубовта, а на соодветен начин им беше покажано дека причината поради која бебето Христос дојде на овој свет е големата Божја љубов за човештвото.

Извор: http://www.orthodoxalbania.org/