Александриската Патријаршија овозможува бесплатно образование во Нигерија

"Александриската Патријаршија овозможува бесплатно образование во Нигерија"

Свештената нигериска епархија, во своите напори за овозможување на бесплатно образование за сиромашни деца, започна со подигање на градинка и основно училиште во селото Кармем во државата Бенуе (Централна Нигерија). Училиштето започна со работа во колиби од трска и моментално го посетуваат 186 ученици. Сите тековни трошоци ги покира самата Митрополија.

Православната Црква одлучи да подигне училишна зграда на земјиште подарено од локалните власти. Во тек е прибирање на средства за изградба на зградата. Дополнителни информации за мисијата и неколкуте проекти може да се добијат на следната презентација: Orthodox Mission.

Извор: Александриска Патријаршија