Кон крајот на октомври годинава Неговата Светост, Патријархот и Папа Александриски Теодор II испратил писмо со поддршка до Претседателот на Египет, г. Абдел Фатах ел-Сиси, во кое го изразил неговото искрено сочувство за загинувањето на 33-цата војници, жртви на терористички напад на Синајскиот Полуостров, давајќи ѝ целосна поддршка на борбата на египетската држава против тероризмот. Во писмото пишувало:
„Ваша Екселенцијо, преку ова патријаршко писмо би сакале до Вашата најчесна личност и до Владата на нашиот највозљубен Египет да ги изразиме нашите чувства на најдлабоко сочувство за невините египетски војници – жртви на грозоморниот и ужасен терористички напад на Синајскиот Полуостров. Во овој тежок и тажен момент за египетската нација, би сакале да ја повториме нашата безусловна посветеност кон националното единство, и нашата безрезервна доверба во согласниот соживот меѓу сите египетски граѓани, и од Вас загарантираната благосостојба и напредок на Египет. Ве поддржуваме во Вашата борба за искоренување на општествената болест на тероризмот, бранење на територијалниот интегритет на Египет и спречување на надворешните и внатрешни обиди за попречување на националните напори кон просперитет.
Горешто молејќи се на Семоќниот и Семилостив Бог да го заштити Египет од секое зло, посакуваме Вашата Екселенција да го води египетскиот народ далеку од регионалното безредие, а кон мирното небо на мирот во име на Бога.“
Извор: Александриска Патријаршија