Митрополитот Калавриски г. Амвросиј предупредува: „Ја губиме христијанска Грција“

"Митрополитот Калавриски г. Амвросиј предупредува: „Ја губиме христијанска Грција“"

– Нашата земја е бесусловно предадена на странски освојувачи. Не е толку важно што спомениците на културата ни се заборавени, туку тоа што ние ја губиме христијанска Грција – ја пренесува Ромфеа изјавата на сега веќе контроверзниот митрополит Амвросиј.

– Надворешните сили (имено Ангела Меркел, ММФ, масоните, групата Билдерберг, зионистите) експлицитно (Меркел) и имплицитно (преку т.н. „глобализација“) владеат со нашата несреќна земја – продолжил во ист тон митрополитот, кој од многумина е окарактеризиран како параноичен, а сè погласни се оние кои инсистираат на тоа тој да се вомирови.

– За жал, тие на секој можен начин го поддржуваат развојот на Исламот, и ја промовираат муслиманската имиграција во Грција со цел да ја неутрализираат христијанската ориентација на нашата татковина.

Посочувајќи ги злоделата на милитантните исламисти, г. Амвросиј не ја поштеди ниту Владата на Грција поради нејзината „толерантна политика“:

– Нашите водачи не обрнуваат внимание на она што се случува. И уште повеќе, тие веќе одлучија да градат џамија во самото срце на Атина, и тоа со државни пари! Според наши информации, изградбата на џамијата ќе чини 80 милиони евра, а парите наводно се обезбедени од некаков прилив од Министерството за надворешни работи. Сето ова се случува во екот на ужансата економска криза во која постојано недостигаат пари за обичниот и чесен граѓанин.

На крајот, Калаврискиот Митрополит не заборави по втор пат да го искритикува анти-расистичкиот закон: – Не за долго ние веќе нема да можеме, ни да пишуваме за овие работи, поради ветото од анти-расистичкиот закон.

Извор: Православие.ру