Во интерјву за Интерфакс, шефот на прес службата на УПЦ – МП, г. Василиј Анисимов, категорично изјавил: „Бог и народот нема да допуштат војна меѓу Украина и Русија“, пренесува Pravoslavie.ru. Меѓу другото, со Анисимов новинарите разговарале за местобљустителот на Киевската катедра, за претседателот Јанукович, како и за неодамнешните трагични случувања на Мајдан.
Според него, митрополитот г. Онуфриј е скапоцен човек кој во вистинско време бил избран за местобљустител на Киевската митрополитска катедра: „Митрополитот Онуфриј припаѓа на плејадата на наши истакнати архиереи, обновители на православието во Украина. (…) Од 1992 г. тој е постојан член на Светиот Синод, и ниту една одлука во последните две децении не се донела без негово учество. (…) Тој има голем авторитет како во Украина, така и во странство. И неговиот избор е многу благовремен, бидејќи политичката криза само се продлабочува, спротивставеноста расте, а милитантната реторика се заострува.
Светиот Синод издаде и послание за мир, зашто митрополитот Онуфриј се обрати на Неговата Светост, Патријархот Кирил, со барање за кревање на гласот со цел спречување на братското крвопролевање. Тој му се обрати дури и на Владимир Путин. Митрополитот Онуфриј е човек на молитвата, познат по совршеното мирољубие, човек кој смета дека луѓето се најпрво должни самите да станат христијани, а дури потоа да носат одлуки или да носат било какви акции. Во денешнава, понекогаш хистерична, општествена атмосфера, ваквата положба на еден црковен великодостојник е многу скапоцена“, дециден е г. Анисимов.
Запрашан за општествената експлозија која изминатиот период ја снајде Украина, тој раскажал:
– Сегашната власт и нејзината политичка реконструкција на Украина се темелат на крв. За жал, ова не е метафора. Ние отсекогаш бевме горди на фактот што бевме речиси единствената пост-советска земја во која не дојде до крвопролевање. Денес ниту поддржувачите, ниту противниците на Мајда не можат да сфатат и прифатат дека промената на власта и предвремените избори се платија со толку многу човечки жртви. Погинаа речиси стотици луѓе, а илјадници беа ранети. (…) А животот го изгубија воглавно обичните луѓе – младината, дури и еден писател – пензионер. Оттука и притисокот врз општествената свест на самите демонстранти, оттука нивната озлобеност, агресија и лов на вештерки. (…) Без оглед на убедливата победа и фактичкото изгонување на власта, Мајдан се разотиде. Мајданците ги гонат противниците, ги преземаат канцелариите, становите, дури и ги спалуваат.
На крајот од интервјуто, шефот на прес службата на на УПЦ – МП укажал на позитивното влијание на Црквата за време на конфликтот: „Веднаш по започнувањето на крвопролевањето, уште на 24 февруари, УПЦ прогласи денови на жалост кои ги продолжи и за време на траењето на Великиот пост. На тој начин Црквата Христова ги повика сите, преку покајание и молитва, да се ослободат и стореното зло, да подзастанат, да размислат и да се вратат кон единственоста и конструктивноста. Сега, фала Му на Бога, Владата изјави дека планира сите конфликти да ги решава единствено преку мирни преговори и преку дипломатски пат, и за тоа ќе ја добие потполната поддрша од Црквата“.
Извор: Pravoslavie.ru