Закажана Годишна конференција на ПХАМПР

"Закажана Годишна конференција на ПХАМПР"

Управниот одбор на Православната христијанска асоцијација за медицина, психологија и религија (ПХАМПР) објави дека Годишната конференција ќе биде одржана во богословијата „Свет Крст“ во Масачусетс, САД, во тридневниот период од 6 до 8 ноември годинава.

Воведничар ќе биде Неговото Блаженство, Архиепископот г. г. Димитриј од Грчката православна архиепископија во Америка.

Тема на овогодинешната конференција е „Истражување на врската меѓу умот, телото и душата: Духовност во болеста и исцелувањето“. Со свои излагања ќе се претстават бројни истакнати говорници. Собирот ќе овозможи единствена можност за православното свештенство, богословите и медицинските експерти да седнат на заедничка маса и да го разгледаат односот меѓу православното исцелително предание и современата теорија и пракса за грижа за болни.

Извор: Православна Црква во Америка