Со благослов на Митрополитот на Јекатерингбург и Верхотурје, г. Кирил, епархискиот мисионерски оддел во образовниот центар во Јекатеринбург, во периодот од 2 до 16 февруари оваа година, одржил изложба насловена „Апостоли на 21 век“.
На настанот биле изложени фотографии, пропратени со приказни од мисионерите и новопокрстените христијани од Филипините, Индија, Монголија, Пакистан, Тајланд, Камбоџа, Брегот на Слоновата Коска, Кенија и други земји. Исто така, биле изложени и мисионерски материјали издадени на странски јазици. Преку мултимедијалната презентација, посетителите можеле да го чујат пеење на православните Африканци, да гледаат видео материјали од мисионерските патувања, но и да зборуваат со самите мисионери.
Извор: pravmir.ru