Коптскиот Папа Тавард II: „Aрапската пролет“ беше зима

"Коптскиот Папа Тавард II: „Aрапската пролет“ беше зима"

Лидерот на Египетската коптска православна црква изјавил дека „Арапската пролет“ не била пролет, ниту пак есен, туку зима. Папата Тавард II, во интервју за една египетска радио станица изјавил дека последиците од „Арапската пролет“ биле разорни за повеќето блискоисточни земји, а од неа следеле само неколку позитивни резултати. Сепак, коптскиот поглавар го поддржан ловиот египетски лидер, генералот Абдел Фатах ал-Сиси, и истакнал дека тој го „спасил Египет“ од исламистичката влада предводена од Мохамед Морси.

Инаку, Коптската православна црква на Александрија е една од древноисточните цркви основана, според Преданието, од светиот апостол и евангелист Марко во Александрија. Нејзиното денешно постоење е резултат на создавањето на паралелна, дохалкидонска катедра на Александриската Патријаршија.

Извор: Pravmir.com