Грчкиот јавен обвинител: Архимандритот Ефрем не е виновен

"Грчкиот јавен обвинител: Архимандритот Ефрем не е виновен"

Канцеларијата на јавниот обвинител на Врховниот суд во Грција поднела жалба на одлуката бр. 2000/2013 од Апелациониот суд со која на суд се повикуваат обвинетите во случајот на манастирот Ватопед. Меѓу луѓето поврзани со случајот се и игуменот на манастирот, архимандритот Ефрем и монахот Арсениј.

Во извештајот на јавниот обвинител посебен акцент е ставен на претходната пресуда со која обвинетите се ослободени. Покрај тоа, во жалбата се наведуваат повеќе аргументи со кои се докажува дека обвиненијата против аххимандритот Ефрем, монахот Арсениј и другите се неосновани.

Како што забележува православниот информативен портал Ромфеа, жалбата на канцеларијата на јавниот обвинител укажува на тоа дека обвиненијата против светогорскиот манастир биле вештачки зголемени.