Архиепископот на Атина и цела Грција, Неговото Блаженство г.г. Јероним изјавил дека е подготвен да започне деловен развој на црковното земјиште за отплатување на грчкиот долг кон надворешните доверители. Во телевизиското интервју емитувано на Велика Сабота, г.г. Јероним укажал: „Ако на државата ѝ е потребна соработка од наша страна, ние сме тука.“
На прашањето дали Црквата би го разгледала евентуалниот предлог за продажба на дел од нејзиниот имот, Атинскиот Архиепископ појаснил дека Црквата е подготвена да соработува со државата под услов финансиските средства да бидат искористени за враќање на долговите: „Ајде да соработуваме, а државата може да го употреби приходот за враќање на своите долгови. Но, земјиштето да остане грчко, во рацете на Грција“.
Тој не прецизирал за каков развој зборува, но потврдил дека околу ова прашање ќе разговара со премиерот Ципрас „кога ќе дојде време“. Премиерот, пак, од негова страна му испратил писмена порака на претстојателот на Грчката Црква во која му се заблагодарил за иницијативата на Црквата и предложил формирање на комисија која би го разгледалa ова прашање.
Во пораката, исто така, се вели: „Во моменти на голем притисок од сите страни, ваквата иницијатива може да се покаже како олеснителна околност за државните фондови, но и целото општество. Со овој гест се докажува дека Црквата има слух за потребите на народот и одговара на општествените барања, испраќајќи порака за заедништво во овој тежок момент.“
Извор: Evangelical Focus