Берлинскиот Архиепископ Марко повикува: „Во овие светли денови да се молиме за воспоставување на мирот на земјата“

"Берлинскиот Архиепископ Марко повикува: „Во овие светли денови да се молиме за воспоставување на мирот на земјата“"

Во божикното послание на Архиепископот на Берлин, Германија и Велика Британија на Руската задгранична црква, г.г. Марко, Неговото Блаженство ги повикал верните на молитва за мир.

– Денешните Ироди постојано се креваат против Евангелието. И во наше време, „Иродите“ сакаат да ја уништат натприродната заедница на верните со Христа, животот во Христа. Во овие радосни и светли денови, кога го славиме воплотувањето Божјо на земјата, особено да се помолиме за воспоставување на мирот на земјата. Овој мир на нас, смртните, ни бил благовестен преку ангелите. Ангелите нè повикуваат да се обединиме, и целиот живот да го посветиме на потрагата за Вистина, за Сонцето на правдата, Христос, Кој врз Себе ја зеде нашата човечка природа, тело и душа, за нам да нè направи боголики! Апостолот објавува: „сите вие сте синови на светлината и синови на денот: ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината“ (1Сол 5,5), – се вели во посланието.

– Да се покаеме заради нашите гревови, да се одвратиме од темнината. Да сфатиме дека секој еден мал грев нè помрачува, нè разделува и оттргнува од Бога и ближниот. Затоа, во нашите срца, како во најбедни јасли, да го побараме местото во кое Бог се родил и е положен, не за да се сокрие од нас, туку за во сите нас да се воплоти Себеси, да нè просвети, да ни го даде Неговиот длабок мир, Неговата љубов, Неговата вистина и Неговата вечност! – заклучува Архиепископот Марко, еден од највлијателните духовници на овој и минатиот век.

Извор: Руска задгранична црква