Во свештениот храм на Светиот Крст во Дамаск, од страна на бројно свештенство на Антиохиската Патријаршија беше отслужен благодарствен молебен по повод ослободувањето на заробените монахињи од манастирот на светата првомаченичка Текла. На молебенот беа произнесени и прозби за безбедно ослободување на двајцата киднапирани сириски митрополити. Во храмот беа присутни голем број на православни верници, но и претставници од другите верски деноминации.
Извор: antiochpatriarchate.org