Благовештение на Пресвета Богородица

"Благовештение на Пресвета Богородица"

На 7 април 2019 година, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Василиева Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, каде беше прославен празникот кој го јавува предвечното таинство и кој е почеток на нашето спасение – Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, кој е епархиска слава на Свештената Кумановско-осоговска епархија при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

По заамвоната молитва беше осветен славскиот колач.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.