Бог е оган што сè проголтува. Кога нешто се приближува до огнот, тоа се менува: или гори, или се кали. Така и човекот, приближувајќи Му се на Бога, или пропаѓа, или се спасува. Огнот е оган секогаш. Но, во допир со него се создава и пепел, и челик, зависно од она што доаѓа во допир со него.
Истото се случува и со човекот, и сè зависи од она што тој ќе донесе при Божествениот оган – во каква состојба ќе пристапи кон Бога. Ако се однесува како железо, тогаш неговата сила ќе очеличи. Ако се сведе до кршлива слама – ќе изгори.
Секој човек, порано или подоцна, неизбежно ќе пристапи при Бога и тешко нему ако е неподготвен за оваа средба. Толстој невнимателно, самоуверено се приближил кон Бога, а не со страв Божји, недостојно се причестил и станал богоотпадник.
Ќе дојде момент кога ќе дојдеме во допир со Божјата сила, без оглед на тоа дали сакаме или не. Лопатата е во рацете Божји. Со лопата се рассејува зрното и сламата; сламата ја вее ветрот, а зрното паѓа пред нозете на Домаќинот, го собираат во силоси; сламата се остава за да се запали.
Неизбежна е средбата со Бога и треба да се подготвуваме за таа средба. Нашите гревови – тоа е сламата што ќе изгори при оваа средба. Треба однапред да се осудиме себеси, и самите, подготвувајќи се за средбата, да се одделиме од сламата, да ја запалиме сламата на гревови преку покајанието.
Или ќе ги запалиме гревовите, или и ние заедно со нив ќе изгориме, препуштајќи се на гревот. Потребно е да си спомнуваме за Страшниот суд, и соодветно да се однесуваме кон тој ден и настан. Јасно и свесно, а не како животните кои ја вртат главата за да не ја гледаат опасноста. Треба да ја чистиме нашата душа, треба да се молиме.