Братството „Православна мисија“ на својата веб презентација го објави следното соопштение: „По милоста Божја, Православието напредува на Филипините. На почетокот од 2014 година, цела епархија од ‘Филипинската римо-католичка независна црква’ прими Православие заедно со двајцата нејзини епископи, целото свештенство и 28 парохии.“ Нивниот пример подоцна го следеле уште 8 аглипајански епископи заедно со нивната паства. Денес, вкупно 53 парохии од територијата на Филипините се згрижени под омофорот на Московската Патријаршија.
Историски, Православието за прв пат било пренесено на Филипините после Револуцијата во Русија. Првата црква била изградена во 1935 година, но истата била срушена од воените дејствија во Втората светска војна. Малку подоцна, во 1949 година св. Јован Шангајски, како мисионер и архиепископ изградил дрвена црквичка за потребите на руската имиграција. Со нивното заминување во САД во 1951 година, замрела и православната мисија во оваа земја. Во 2013 година, за прв пат после 62 години била отслужена Божествена Литургија на островот Тубабао. Официјалниот јазик на Филипинската православна црква (МП) е себуански.
Врска: Philippine Mission