Меѓународна богословска конференција посветена на службата на ѓаконисите ќе се одржи во Солун

"Меѓународна богословска конференција посветена на службата на ѓаконисите ќе се одржи во Солун"

Од 22 до 24 јануари годинава во Солун ќе се одржи Меѓународна богословска конференција во чест на почесниот професор д-р Евангелос Теодору. Конференцијата е насловена: „Ѓакониси, ракополагање на жени и православно богословие“, а е во заедничка организација на Богословскиот факултет на Аристотеловиот универзитет во Солун, Богословијата „Свет Крст“ од Бостон (САД) и Центарот за екуменистички, мисиолошки и еколошки студии „Митрополит Пантелејмон Папагеоргиу“ од Солун.

Пред 60 години професорот Евангелос Теодору (кој денес има 93 години) го отворил прашањето за ракополагање на жени преку неговата докторска работа посветена на службата на ѓаконисите. Токму затоа оваа конференција, која се организира во чест на професорот Теодору ќе се обиде да го разгледа прашањето на женското „свештенство“ од неколку аспекти.

Некои од предавањата и излагањата кои ќе се одржат за време на оваа тридневна конференција се: „Lex orandi est Lex Credendi: Ѓаконисите како пратеници на Божјата Милост“, „Ѓаконската служба во Православната Црква“, „Св. Јунија како апостол и последиците од ракополагање на ѓакониси“, „Црковни последици од ракополагање жени“ итн.

Извор: Центар за екуменистички, мисиолошки и еколошки студии „Митрополит Пантелејмон Папагеоргиу“