Честиткa за изборот на г. Даријан Сотировски за Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

"Честиткa за изборот на г. Даријан Сотировски за Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи"

До Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г. Даријан Сотировски

Почитуван г. Сотировски,

Ми претставува особена чест и големо задоволство, во името на чесното свештенство, преподобното монаштво и верниот народ од свештената Кумановско-осоговска епархија, но и во мое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот избор за Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, како и да Ви посакам успех во извршувањето на оваа одговорна функција.

Нека Бог ја благослови Вашата работа за доброто на сите граѓани на нашата држава, и нека го просветли Вашиот ум за храбро да ги сведочите високите евангелски идеали.

Вам и на Вашите соработници Ви посакувам добро здравје и Божја помош во работните потфати што Ви претстојат.

Со почит,
Митрополит кумановско-осоговски
г. д-р Јосиф