Протојереј Всеволод Чаплин, Претседателот на Синодалниот Оддел за односи меѓу Црквата и државата на Московската Патријаршија, неодамна оценил дека доминацијата на САД во светот се ближи кон крајот и дека токму Русија би можела да ѝ стави крај на истата. „Неслучајно е што ние, често и по цена на сопствениот живот, по цена на физичкото раслабување на државата, сме ги прекинувале сите глобални проекти кои не биле во склад со нашата совест, со нашето видување на историјата и, би рекол, со Божјата правда. Таков бил проектот на Наполеон, но и проектот на Хитлер. Ќе го запреме и американскиот проект!“, изјавил протојерејот во интервју за „Бизнис онлајн“.
Според неговото мислење, американскиот проект е „издишан, изгледа дека нема енергија, нема слоган кој би го следеле дури ни граѓаните на западните земји“.
– Тоа значи дека ние, луѓето кај кои се појавила сосем поинаква замисла на животот во цела една низа на области – од полјоделство до култура, денес имаме шанса исто како во 1941-та година, со нашето идејно оружје да ги запреме „тенковските колони“ на оние кои сметаат дека го потчиниле сиот свет под себе – изјавил претставникот на РПЦ-МП, алудирајќи на американската надворешна политика.
На крајот, свештеникот се согласил со концепцијата според која Москва треба да биде сметана за Трет Рим, дополнувајќи дека „Русија е можеби единствениот светски центар кој на повеќе основи може да се смета за Трет Рим отколку било која друга европска или американска престолнина“.
Извор: Business Online