Романската православна црква потрошила околу 17.7 милиони евра за реализација на харитативната дејност во 2013 година, на тој начин помагајќи им на 23.000 деца, 15.000 стари лица, 13.000 жртви на трговија со луѓе, како и бројни жртви на семејно насилство, несреќи, поранешни затвореници и невработени лица.
Црквата им помогнала на семејствата погодени во септемвриските поплави со околу 300.000 евра во готовина, но и потрошувачки добра во вредност од околу 110.000 евра.
Романската православна црква раководи со 784 социјални институции и установи, од кои, меѓу другото, 141 се народни кујни и пекари, 50 се здравствени установи и аптеки, 75 центри за деца, 68 образовни центри, 15 центри за стари и изнемоштени лица, 11 општествени центри, 35 семејни цетри, 38 социјални градинки и 18 центри за итна помош.
Според последниот попис во земјата, 88.5% од населението се декларирало како православно. Според анкетите, народот во Романија најмногу ѝ верува на Црквата, а дури потоа на државните институции.
Извор: Romania-Insider.com