Превод на четвртата епизода од ТВ серијалот „Човекот пред Бога“: Евхаристија

"Превод на четвртата епизода од ТВ серијалот „Човекот пред Бога“: Евхаристија"

На YouTube каналот на Кумановско-осоговската епархија е поставен видео записот со превод од четвртата епизода од документарниот циклус „Човекот пред Бога“ на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Волоколамски г. Иларион Алфеев, насловена: „Евхаристија“. Оваа епизода е посветена на Божествената Литургија – богослужението од кое происходи главното Таинство на Црквата – Евхаристијата, односно Причеста. Преку оваа недостижна за умот Света тајна, во вид на леб и вино ние се причестуваме со Телото и Крвта Христови. Кој ја совршил првата Евхаристија? Како е можно лебот и виното да станат Тело и Крв Христови? Зошто свештениците се причестуваат на поинаков начин од верниците? Сите овие прашања, но и многу други се разгледани во ова видео.

Преводот е достапен со клик на копчето CC.

Напомена: Авторските права на видео и аудио материјалите им припаѓаат на авторите и реализаторите на ТВ серијалот, и Кумановско-осоговската епархија не полага никакво право врз нив.