Чудо во Австрија

"Чудо во Австрија"

Стогодишнината од трагичниот атентат, планиран од масоните, врз австрискиот Надвојвода Франц Фердинанд и неговата сопруга, Војвотката Софија од Гогенберг била одбележана на 28 јуни 2014 година.

Атентатот изведен пред сто години го запалил европскиот фитил и довел до Првата светска војна. Грижливо испланиран од меѓународните масони, а изведен од младиот изманипулиран босански студент, атентатот успешно ја уништил старата Европа засекогаш, и довел до распаѓање на Христијанските монархии. Иако советуван од руската царска Влада, со која Надвојводата одржувал срдечни односи, да не го посети Сараево, престолонаследникот сепак одлучил да го стори тоа.

Надвојводата го добил статусот на престолонаследник на Австро-Унгарскиот престол на 19 мај 1896 година, на празникот на св. Јов и роденденот на идниот маченик, царот Николај II. Во 1900 година, побожниот надвојвода ја оженил неговата идна сопруга Софија. Во 1906 г. тој разработил план за преземање на власта од старите унгарски аристократи кои се изживувале врз поробените Словени од Австро-Унгарското Царство, и создал услови за дарување автономија на над 12 различни националности. Според него, единствено преку таквата децентрализација би се осигурало постоењето на Империјата. Австро-Унгарскиот престолонаследник не попуштил пред притисоците на унгарските елити, и сакал да осигура мир со Русија и Србија, истовремено бивајќи свесен дека француските и унгарските масони не го посакуваат тоа, туку бараат Австро-Руска војна. Оттука бил и нивиот мотив за атентатот во Сараево.

Оваа година, од 9 до 11 мај 2014 година, чукунвнуците на Надвојводата во Австрија го поканиле пратеникот на Митрополитот Иларион од Руската Заграднична Црква, кој со себе ја понел мироточивата икона на светиот цар Николај II. На 10 мај, под кружните сводови од замокот Артстетен во Долна Австрија крај реката Дунав, на гробот на убиениот Надвојвода бил прочитан акатистот на светиот цар Николај II, и тогаш се случило чудо.

„Позадината на иконата се измени, и ореолот околу главата на царот-маченик започна да зрачи со златни зраци; неговата облека започна за сјае, а неговиот лик како да оживеа, неговата уста се отвори и усните му се движеа како да зборува. Неговата рака го направи крсниот знак како благослов, и се почувствува силно благоухание; изгледаше како да ќе почне да се движи целото негово тело“, пишува Н.Е. Принцезата Росалија вон Гогенберг.

Никој од присутните не останал рамнодушен пред ова чудо.

Извор: Orthodox England