Даровите од мудреците од Света Гора ќе бидат однесени во Русија, Белорусија и Украина

"Даровите од мудреците од Света Гора ќе бидат однесени во Русија, Белорусија и Украина"

Даровите на мудреците, светиња што со особено внимание се чува во манастирот на св. Павле на Света Гора, ќе бидат однесени во Москва, Санкт Петербург, Минск и Киев за време на празнувањето на Рождеството Христово во 2014 година.

Светињата ќе биде положена за поклонение во соборниот храм на Христос Спасителот во Москва од 7 до 13 јануари, во Воскресенскиот манастир Новодевичи во Санкт Петербург од 14 до 17 јануари, во Домот на милосрдието во Минск од 18 до 24 јануари и во Киево-печерската лавра од 25 до 30 јануари, известува Информативната служба на Московската Патријаршија.

Даровите од мудреците
Даровите од мудреците

Светињата е една од ретките реликвии што е сочувана од времето на овоземниот живот на Спасителот. До четврти век се чувала во Ерусалим, по што била пренесена во соборниот храм на Премудроста на Воплотеното Слово Божјо (Света Софија) во Константинопол. Во 1200г. митрополитот Новогородски, г. Антониј ги спомнува даровите на мудреците во една негова книга. После падот на Константинопол, светињата е пренесена на Света Гора, кадешто се чува до денешен ден.

Извор: Interfax