Единаесет деца се повредени во напад врз училиште, а 16 лица во нападот врз црква. Засега никој не презеде одговорност за нападите.
Девет деца се убиени, а 11 се ранети во минофрлачки напади врз христијански квартови во Дамаск. Една од мините експлодирала во близина на училиштен минибус во стариот дел на градот, при што загинале пет деца, а 27 лица се ранети.
Четворица ученици се убиени во напад врз автомобил, што се движел кон христијанската населба Баб Шарки. Возачот исто така загинал во нападот.
Во друг христијански регион во градот мини погодија училиште и црква. Единаесет деца се повредени во нападот врз училиштето, а 16 лица во нападот врз црквата. Засега никој не презеде одговорност за нападите.
Извор: Телеграф.мк