Донација за 200 цркви во Грузија

"Донација за 200 цркви во Грузија"

Преку добротворен проект на Државната нафтена компанија на Републија Азербејџан (SOCAR), околу двесте цркви во Грузија добиваат бесплатен гас. Се проценува дека донацијата вреди 600 илјади американски долари, а истата следува по состанокот меѓу неговата Светост, Патријархот-Католикос Илија II и претседателот на SOCAR, г. Ровнаг Абдулајев. Доставувањето на бесплатниот гас започна во овој месец.

Неколку месеци претходно, истата компанија овозможи бесплатно снадбдување со гас за сите верски објекти (цркви, џамии и синагоги) на територијата на Република Азербејџан.

Грузиската Православна Црква има привилегиран статус во однос на другите верски заедници во Грузија, поради нејзината улога во градењето и одржувањето на грузискиот идентитет и народ. Сите други верски заедници се обврзани да се регистрираат како граѓански здруженија. Според измените во легислативата од 2002 година, на Црквата ѝ се врати имотот запленет преку експропријацијата.

Извор: sgp.ge