Експедиција на Северниот Пол во чест на 700-годишнината од раѓањето на св. Сергиј Радонежски

"Експедиција на Северниот Пол во чест на 700-годишнината од раѓањето на св. Сергиј Радонежски"

Јаков, Епископот Нарјан-Марски и Мезенски отслужил молебен и ги благословил пловилата кои ќе земат учество во сложената експедиција на Северниот Пол посветена на 700-годишнината од раѓањето на св. Сергиј Радонежски.

Екипажите на четири пловила ја започнале експедицијата од пристаништето во Нарјан-Мар. Рутата е долга 2460 km и е предвидено да трае триесетина дена. Експедицијата е организирана во блиска соработка на Нарјан-Марската епархија и претставува прв дел од работата на Духовното наследство на Руската арктичка комисија основана од Асоцијацијата на руски поларни експерти, пренесува сајтот на Московската патријаршија.

Во листата задачи на експедицијата е вклучено морско пловење од петта категорија на сложеност, на висока географска ширина со силни ветрови и бранови, во околина на карпи од мраз, далеку од копното. Пловилата ќе бидат целосно автономни подолго време, и ќе се испитува нивната издржливост на бури. Истата ќе се движи по рутите на поларните пионери од 18-от и 19-от век, до југо-источните брегови на Новата Земја, островот Вајгах и блиските острови; ќе се лоцираат меморијални места од освојувањето на Северниот Пол, а ќе се истражат и условите за поставување на трајни населби во овој век.

Извор: Правмир