„Да видиме дали можеме да ја пополниме Сината Џамија прво, пред Аја Софија“, изјавил турскиот Премиер Реџеп Тајип Ердоган, давајќи им дипломатски одговор на оние кои бараат Света Софија да биде пренаменета во џамија.
Ердоган присуствувал на церемонијата на отварање на џамијата „Ортакој“ во Истанбул, која се реновирала во изминативе три години. „До Света Софија се наоѓа Султанахметовата (Сина) џамија, која е празна за време на секојдневните молитви. Оваа џамија треба да ја пополниме во секојдневните денови за молитва. Ова треба да се постигне најпрво“, изјавил турскиот Премиер во неговиот говор.
Истиот одговор тој го дал на состанокот на неговата партија во мај 2013 година, кога за прв пат било поставено ова прашање.
Членовите на партијата Рефах минатата недела својата петочна молитва ја извршиле во предворјето на црквата „Света Софија“. На молитвата присуствувале неколку илади муслимани кои бараат црквата, сега музеј, повторно да биде пренаменета во џамија.
Извор: Pravmir.com