На 11 септември 2014 г. Ерусалимската Патријаршија го прослави споменот на Отсекувањето на чесната глава на св. Јован Крстител во Претечиниот манастир во христијанскиот дел од Ерусалим, јужно од Црквата на Воскресението.
Во атмосфера на радосна тага, Неговото Блаженство, Архиепископот на Пела и Патријаршиски довереник во Северен Јордан, началствуваше со празничната Вечерна и Божествена Литургија, во сослужение на јеромонастите и јероѓаконите од Патријаршијата. Со певницата раководеше архимандритот Аристовул, кој заедно со учениците од Патријаршиското училиште од Сион псалмопееја на грчки, арапски и руски јазик. Голем број на верници и поклоници од сите страни на светот молитвено учествуваа во богослужбата.
После службата, служителите заедно со Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил беа пречекани од манастирскиот игумен, архимандритот Вартоломеј.
Извор: Ерусалимска Патријаршија