Со надежна радост и трајно чувство на збратименост гледаме кон комеморативната средба со нашиот возљубен брат во Христа, Неговата Светост, папата Франциск, [закажана за] подоцна оваа година. Оваа педесетгодишнина на историската средба меѓу покојниот папа Павле VI и секогаш споменуваниот наш претходник, Патријархот Атинагора, е извонредна можност за продлабочување на братските врски меѓу Петар и Андреј, особено што и двата трона своето постоење им го должат ним. Поради таа причина, а следејќи ги чекорите на папата Павле VI и патријархот Атинагора, ја изразуваме нашата желба за развивање на односите меѓу Римо-католичката и Православнaтa Црквa.
Пред две илјади години токму во Ерусалим зазори Светлината од Гробот. Нека во Ерусалим повторно светло засвети светлината на мирот, взаемната доверба и братската љубов, заради доброто на нашите две Цркви и заради доброто на целиот свет.
Во Фанар,
18 февруари 2014 г.
Извор: patriarchate.org