Со големо торжество и свештен трепет Светлото и светлоносно Христово Воскресение беше прославено низ свештените митрополии на Албанската православна црква, во градовите Драч, Елбасан, Каваја, Скадар, Берат, Вљора, Корча, Поградец, Ерсек и Ѓирокастро и многубројните села со православно христијанско население.
Во Велигденското послание на Неговото Блаженство, г.г. Анастасиј, Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, се вели дека Воскресението Христово е исполнето со светлина која зрачи и ги осветлува сите краишта на земјата. Тој понатаму ги повика верните да ѝ допуштат на оваа духовна светлина да влезе длабоко во нивните души, и да ја осветлат сегашноста и иднината, како нивната, на нивната земја, така и на целиот свет.
Извор: OrthodoxAlbania.org