Франција им понуди азил на ирачките Христијани

"Франција им понуди азил на ирачките Христијани"

Франција е подготвена да ги прими прогонетите Христијани од Северен Ирак, кои се соочиле со теророт и заканите од Исламската држава. Министерите за внатрешни и надворешни работи, во заедничната изјава дадена на 28 јули изјавиле дека се подготвени, доколку бегалците тоа го сакаат, да го помогнат нивното пребегнување на француска почва.

Владата на Франција овозможува помош на раселените лица кои, за да се заштитат од заканите на милитантните исламисти, од Мосул пребегнале во автономниот курдски регион.

Бунтовниците на Исламската држава минатиот месец освоиле делови од Северен Ирак, и го принудиле локалното христијанско население да побегне од градот, или да прими Ислам.

Извор: АИНА