Фудбалски натпревари во Хабаровската епархија

"Фудбалски натпревари во Хабаровската епархија"

на 21 октомври годинава се одржал пријателски натпревар во фудбал меѓу тимовите на Хабаровската епархија и затворското одделение од полуотворен вид бр. 3 во Хабаровск, Русија. Според Информативната служба на епархијата, на просторот на затворското одделение е лоцирана црква посветена на светиот Георгиј Победоносец.

Претставниците од епархијата во повеќе наврати организирале дискусии, средби и спортски настани со затворениците, а за нив токму спортските терени се места на кои можат да се потсетат на животот што го живееле пред затворањето во казнените институции. И покрај студеното време, фудбалскиот натпревар се одржал, а конечниот резултат бил 14-8 во полза на затворениците. Сепак, според ѓакон Максим Погора, од самата дружба произлегле добри резултати, и поради тоа, епархијата ќе продолжи со ваквиот начин на сведочење на православието.

– Не е важно кој ќе победи на терен, важно е да се победиме себеси, – објаснил свештенослужителот.

Извор: Хабаровска епархија